Каел Сонен: Леснар нема да се врати

Lesnar krupen plan

Брок Леснар нема да се врати во УФЦ, тврди поранешниот топ натпреварувач Каел Сонен.

Еден од најпопуларните борци во тешка категорија е позитивен на допинг тетсот и најверојатно ќе биде казнет. Тестот бил земен 11 дена пред средбата со Марк Хант. Поради постапката резултатите излегоа дури по мечот.

Според Сонен, другата ѕвезда која беше фатена дека се допингувала пред УФЦ 200 – Џон Џонс, тој ќе направи камбек.

„Тој нема друг избор освен да се бори“, објасни Сонен. Поранешниот шампион на организацијата во леснотешка категорија требаше да се сретне со Даниел Кормиер во меч за титулата, но резултатите од тестот излегоа три дена пред средбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО