АктуелноДруги вештиниСамбо
Кадетската самбо репрезентација ќе настапи на силниот турнир „Иван Докторов“ во Софија

Софија ќе биде домаќин на 3.Mеѓународен турнир во самбо за кадети „Иван Докторов“, што ќе се одржи од 27 до 29 јуни, а на кој ќе настапи и македонската самбо репрезентација.
Турнирот, кој се етаблираше како еден од најзначајните настани во младинското самбо, сега е дел од официјалниот календар на Европската самбо федерација (ЕФС/EFS) – знак за нејзиното високо ценење на меѓународно ниво.

На турнирот од А категорија учествуваат многу силни репрезентации: Украина, Романија, Молдавија, Грција, Грузија, Германија, Франција, Кипар, Бугарија, Русија, Ерменија.
Од нашиот табор се надеваат на добри резултати, односно дека ќе се вратат со медали.



