Кадетската репрезентација отаптува на Европското првенство во Фиренца

Македонската кадетска репрезентација во борење викендов ќе настапи на Европското првенство во Фиренца, Италија, кое почна на 17 јуни и ќе трае до 23.

Во Италија отпатуваа Стефан Штерјов 45 кг, Бесир Алили 48 кг, Аид Салихаси 51 кг, Арсим Бекири 85 кг и Реџеп Хајдари 90 кг.

Можеби најмногу треба се очекува од Стефан Штерјов и Бесир Алили, кој на последното ЕП беше втор, но и од Аид Салихаси..
Кадетите се подготвуваа во Благоевградсо бугарската репрезентација.

Пред две недели настапот на јуниорското ЕП во Шпанија ќе остане забележан само по една победа која ја извојува Давид Мишев, што доволно за 12 место во категоријата до 61 килограм во конкуренција на 20 борачи.

Минатата година на ЕП за ученици во Ѓер, Унгарија, настапи и најталентираната македонска борачка Бојана Лазаревска и ја извојува првата историска победа на европските првенства и стигна до репасажот. Таа минатата година и оваа забележува успеси на меѓунардоните турнири, стана и балкански вицешампион. Чудно е зошто ја нема во репрезентацијата.

И женското борење е олимписки спорт и многу земји се радуваат на успесите на нивните борачки. Зошто не и ние?  

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON