Утре во Скопје, во населабата Кисела Вода во ОУ „Круме Кепески“, ќе се одржи Изборното карате првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година за селекциите во овие категории кои ќе учествуваат на 42-то Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Цирих, Швајцарија, од 6 до 8 февруари идната година.
Право на учество на ова првенство имаат сите каратисти кои на Државното првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 минатиот викенд се пласираа на првите три места (има две трети места-н.з.) и за кати до четврто место.
По ова ќе бидат познати патниците за Цирих и ќе почнат подготовките за настап на Европското првенство.