К2 за враќањето на Кличко: Каде што има чад има и оган!

Владимир Кличко брзо ги негираше гласините за враќање.

Информации дојдоа до таму што поранешниот тешкашки владетел на 13 април на Вембли може да се бори против Дилиен Вајт.

Само неколку дена подоцна, се појавија нови информации дека му е понуден договор за три меча од страна на ДАЗН.

Дека има нешто во тие приказни потврди генералниот директор на украинскиот сектор на прмоцијата на браќата Кличко К2, Александар Красјук.

„Ја прочитав неговата објава на социјалните мрежи во која ги отфрли гласините за можна борба со Дилиен Вајт. Што се однесува до враќањето на Владимир, не сум слушнал ништо сериозно од негова страна. Но, јас ќе признаам дека таму каде што има чад има и оган. Многу луѓе во боксот, вклучувајќи ги и новинарите, внимателно ја следат ситуацијата и можеби го посакуваа враќањето на Владимир. Анализирајќи ја ситуацијата од дистанца ми се чини дека навистина може да дојде до негово враќање“.

„Но, нема смисла за него да се бори со Дилиен Вајт, кој многу добро го знае, бидејќи британската борец долго време му беше спаринг партнер“.

„Не мораме премногу да анализираме за да сфатиме кои противници го интересираат. Две имиња се сигурни на маса. Еден од нив е Тајсон Фјури, а другиот Ентони Џошуа. Кога Владимир се подготвуваше за реваншот против Фјури во 2015 година, плановите за борбата пропадна бидејќи Тајсон на крајот имаше проблеми и мораше да си оди од подиумот. Се врати и постигна голем успех. Чувството ми кажува дека тој би можел да биде во една од борбите што го мотивираат Кличко да се врати во рингот“ рече Красјук.

42-годишниот Кличко последната победа ја оставри во април 2015 година кога го совлада Брајант Џенингс со едногласна одлука во Њујорк.

Потоа во ноември истата година во меч во кој планираше да го изедначи рекордот на Џо Луис од 26 победи во борби за титулата во тешка категорија го порази Тајсон Фјури.

Беше планиран реванш која на крајот беше откажан поради проблемите на Британецот со депресијата и антидопинг комисијата.

Кличко во рингот се врати по година и пол, во април 2017 година и пред 90.000 гледачи на Вембли во борбата за насловите на ВБА, ИБФ и ИБО загуби со нокаут во 11 рунда од Ентони Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON