БорењеОстанато

Јусуф Заими трета година по ред е шампион на „Неврокоп купот“, бронза за Самир Мифтари

Јусуф Заими од Шкупи е шампион трета година по ред на „Неврокоп купот“ во Гоце Делчев, Бугарија.

На турнирот на кој учествуваа борачи од над 20 земји, Заими до финалето беше импресивен, забележувајќи победи над противниците од Грција, Молдавија, Бугарија, а во финалето, со целосна доминација, го совлада вториот домашен борач. Јусуф трета година по ред е прогласен за шампион.

„Бриљираше и Самир Мифтари, обезбеди бронзениот медал со заслужена победа над американскиот борач за третото место.

Харун и Елмедини имаа многу добри настапи, но овој пат мораа да се задоволат со 5-тото место, откако беа поразени од белгиските и американските борачи“, велат од клубот.

Голем резултат за Боречкиот клуб Шкупи, со оглед на извонредниот натпревар на овој турнир со 600 натпреварувачи од Ерменија, САД, Унгарија, Белгија, Казахстан, Франција, Украина, Грција, Грузија, Македонија, Израел, Германија, Молдавија, Романија, Турција, Ирска и Бугарија.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON