Јуниорот Дејан Георгиевски ги згази сениорите во апсолутна на „Омега купот“, а ТК Бутел освои 11 медали

Butel na Omega kup 2016

Таеквондо клубот Бутел освои 11 медали на „Омега купот, во Белград – Србија, и сите се во А-класа црни појаси.

Деветнаесетмината натпреварувачи на Бутел освоија 3 златни, 6 сребрени и 2 бронзени медали во кокнуренција на 600 натпреварувачи од регионот.

За издвојување е златниот медал на Дејан Георгиевски во сениорска конкуренција во апсолутна категорија, а Филип Додевски исто така освои злато, но кај јуниорите.

Dejan Georgievski omega kup 2016

Јуниорот Дејан Георгиевски на овој турнир настапи во сениорска конкуренција и ги оправда очекувањата. Тој во апсолутна категорија со три брилијантни победи и максимална доминација го освои златниот медал на „Омега купот“.

Во финалето популраниот Деки го доби најдобриот сениор во апсолутна на Србија. Ќе потсетиме дека Србија и Хрватска се од подобрите европски држави во таеквондо.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON