Федор ги почна подготовките во Холандија за следната борба

Fedor sedi na bure

Иако се уште нема закажано меч, Федор Емилијаненко, веќе се подготвува во Холандија за следната средба во Ризин.

 Според долгогодишниот тренер на поранешниот шампион во тешка категорија во Прајд, Владимир Ворнов, Федор ќе остане во Холандија следните неколку недели, за да се подготвува заедно со својот тим.

„Федор ги започна подготовките за следната пресметка во кампот во Холандија. Замина со голем тим спортисти на 4 март, каде што ќе тренира со локални специјалисти, кои и предтходно му помагале. Таму ќе остане околу три недели“.

Емилијаненко ќе тренира заедно со Вадим Немков, Кирил Сиделников, Антоли Токов и Валентин Молдовски кои се натпреваруваа со него за време на воведниот турнир на Ризин во Јапонија.

„Холандија беше добар избор поради големиот број партнери за спаринг, кои лесно може да се најдат таму, како и можноста за разновиден тренинг. Постојат бројни добри сали и големи борци“.

 Еве го и видеото од последното патување на Федор до Холандија во 2015 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО