Јуниорите отпатуваа на Европското бокс првенство во Русија (ФОТО)

Македонската боксерска репрезентација денеска отпатува за Русија на Европското јуниорско првенство во Анапа од 8 до 17 октомври. Боите на Македонија ќе ги бранат тројца боксери и тоа: -52 кг Елес Асанов, -62 кг Алпај Демиров и +80 кг Адријан Аземи.

„Техничко и тактички репрезентацијата е добро подготвена, но ова им е прв настап на ваков шампионат. Се надеваме на добар настап ако се исполнат техничко-тактичките замисли“, вели селекторот Петар Чурлиновски.

Во вторник е мерењето, а наредниот ден почнуваат борбите.

Да потсетиме дека макеоднските боксери медал на ваквите натпревари не освоиле уште од 1997 година, кога ЕП за кадети се одржа во Битола, а македонските боксери освоија три медали – 1 злтатен на Фатон Салиху и 2 бронзени, Дарко Чатлески и Георгиевски. И тогаш селектор беше Чурлиновски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО