Јубилејно 10-то издание на џиу џицу турнирот „Скопје опен 2019“

На 9 ноември ќе се одржи јубилејниот 10-ти Меѓународен џиу џицу турнир „Скопје опен 2019“ во Скопје во спортската сала „Независна Македонија“ во рамките на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ – Општина Кисела Вода.

Во склоп на турнирот ќе се одржи и второто коло од Јадранската лига, додека турнирот е во три дисциплини: борби, дуо систем и не ваза, 4 борилишта. Техниката, бодувањето и жребот ќе го води екипа од Словенија со современ софтвер за вакви и слични турнири.

Досегасе  пријавени учесници од Турција, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина – Р. Српска, Црна Гора и Словенија, а се очекува да настапат околу 250 борци во машка и женска конкуренција.

Од Македонија се пријавени натпреварувачи од Паунд фор Паунд од Битола, Карлос Маја од Скопје, Осенсеи од Штип, Дан- Кју и Такеда од Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON