Јубенк го порази олмпискиот шампион Дегејл

Крис Јубенк Јуниор (28-2, 21 КО) можеби и го исполни своето ветување и го испрати Џејмс Дегејл (25-3-1, 15 КО) во пензија.

29-годишниот Англичанец во мечот за слободната титула на ИБО во суперсредна категорија во Лондон со едногласна ослука го победи четири години постариот сонародник – 117-109, 115-112, 114-112.

Дегејл имаше броење во втората и десетата рунда, а судијата во 11-тата му одзеде бод на Јубенк откако го фрли Дегејл на подот.

Дегејл го освои златниот медал во средна категорија на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО