Јована Георгиева најдобра и во родниот град Штип (ФОТО)

Вечерва,во Мултимедијалниот центар во Штип, беа прогласени најдобрите спортисти за 2017 година.

Индивидуалните спортови- каратето, кик боксот и борењето минатата година постигнаа најдобри резултати во Штип. Токму признанијата на најдобрите спортисти одат во овие спортски дисциплини.. Од колективните спортови најмногу признанија добија одбојкарките на УГД, кои ги водат браќата Трајче и Благој Тасевски..
Најдобар спортист на Штип за 2017 година, според одлуката на Комисијата за спорт при локалната самоуправа, е Јована Георгиева, каратистка на КК Македонка. Таа го освои бронзениот медал на ЕП за сениори. Второто и третото место, исто така, им припаднаа на каратистите, на КК Штип- Жарко Арсовски и Емил Павлов.

На свеченоста не изостанаа и аплаузите за македонската ракометна репрезентација, која на ЕП во Хрватска постигнува одлични резултати. Аплауз доби и Мартин Поповски, кој потекнува од Штип и е член на македонската ракометна репрезентација и на средбата со Германија ги потврди своите раскошни квалитети.
Во младинска конкуренција најдобра е Јована Арсова од кик бокс клубот Гладијатор. Исто така, второто место го делат кик боксерите на Благојче Стојанов и Бобан Јосифов.. Трета е Деспина Димитровска, КК Македонка.


Во кадетска конкуренција најуспешен е уште еден кик боксер- Никола Нацев,, кој ја освои бронзата на ЕП, втор е борачот Давид Мишев од Балканец, а трет е одбојкарот на УГД Стефан Санев .


За најдобар во пионерска конкуренција беше прогласен Стефан Штерјов од Балканец, втор Јован Данилов, кик бокс, третото на Љупчо Михајлов од КК Штип. На ранг листата се наоѓаат и Ненад Панов – борач,Мила Вакувска – одбојка, Димитриј Димитров – карате- КК Македонка, Андреја Арсовски – карате – КК Штип,Филип Денков – џиу џицу, Ева Манасиевска – скијање, Дамјан Рунчев – ракомет, Антонија Андоновски – пливање, Ристо Гацов – фудбал и Лука Стојчев – пинг понг Шампиони ФА. За најдоби тренери се прогласени Шенол Асанов, Сашко Патраклиски и Сашко Арсовски.


За подвиг на годината беше прогласен оној на Марија Ристовска , пливачка на Челични, која го преплива Велешкото езеро во должина од 5 километри.Најдобар клуб од колективните спортови е женскиот одбојкарски клуб УГД, најнадежен спортист во колективните спортови Сара Стојанова – одбојка, а најнадежна Мила Вакувска – одбојка. Годинава беа прогласени и тренерите кои работат во спортот повеќе од пет децении Трајче Барбареев – пинг понг и Миланчо Черкезов – основоположник во каратето.
За спортски работници на годината беа прогласени Методи Папаров,Благој Донев и Драган Митов, судии Иван Јовановски и Стефан Станков – ракомет.


За посебен придонес во пинг понгот признание доби и Петар Костовски. За афирмацијата на Штип признанија добија и спортистите кои сега играат во други клубови-Мартин Поповски – ракомет,Николче Караколев – кошарка, Кристина Георгиева – Манева – одбојка, како и тренерите кои работат во странство Борче Илиевски и Тане Спасев -кошарка. За компанија кој го помага спортот е прогласена Кит-го, или Кире Гогов, најдобри новинари Виктор Вукановски и Мартин Каровски.
Ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО