Јована Георгиева е оптимист дека пак ќе се закити со европски медал

Јована Георгиева со освојувањето на бронзениот медал на Балкнаското карате првенство за сениори во категоријата до 55 килограми најави враќање на меѓународната сцена.

Да потсетиме дека Георгиева во 2017 година освои бронзен медал Европското сниорско првенство во Коџаели, Турција, и оттогаш не го повтори успехот.

Дали е ова најава за нов поход на меѓународната сцена?

„Инаку вежбаме постојано. Јас вежбам интензивно и по бронзата, меѓутоа имав повреда, едноставно, околностите не беа на моја страна. Целта пак е иста, сакам да повторам европски медал“.

Георгиева има пофални зборови и за клупскиот другар од Олмпик спорт, Фаик Весели, за кого вели дека се вратил од големо натпреварување и на Балканското тоа го одбележал со медал.

„Одличен борец е. Навистина очекувам европски и светски медал од него.

Резултати
-55 кг
Јована Георгиева – Катарина Ѓорѓевиќ (Србија) 8-0
Јована Георгиева – Ивона Чориќ (БиХ) 2-0
Јована Георгиева – Нејра Шиповиќ (БиХ) 0-2
За бронза
Јована Георгиева – Сара Сидикуи (Хравтска) 1-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON