Договорен е реванш меѓу Дерек Чисора и Кубрат Пулев

Дерек Чисора наскоро се враќа во рингот. „Дел бој“ ќе се обиде да ја прекине лошата серија на настанот на „Мечрум“ на 9 јули во лондонската О2 арена против Бугаринот Кубрат Пулев.

Имено, британскиот боксер ги загуби последните три борби од Александр Усик и два пати од Џозеф Паркер. Тоа ќе биде нивни втор дуел во кариерата.

Прв пат се сретнаа во мај 2016 година кога Пулев победи со поделена судиска одлука.

Љубителите на боксот се надеваат дека реваншот би можел да биде малку поинтересен од нивниот прв меч.

Пулев двапати боксираше за светската титула, во 2014 година загуби со нокаут во петтата рунда од Владимир Кличко, а пред две години беше поразен од Ентони Џошуа во деветтата рунда со нокаут.

Во последниот меч во мај со едногласна одлука го победи Џери Форест.

Чисора загуби 12 борби во текот на кариерата, но секогаш се покажуваше како голем воин во рингот.

Во својата кариера се бореше против големи боксери како Тајсон Фјури Витали Кличко, Дејвид Хеј, Дилиен Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО