Јошин го освои третото место на Меѓународниот кендо турнир во Русе, Бугарија.
Во клучната борба Јошин згауби тесно од националниот тим на Србија со 2-3, која и го освои турнирот.
Нашиот тим во екипна конкуренција настапи во мешан состав: Кесковски, Атанасовска, Лазаровска, Пешков и Андреј Атанасовски.
Вкупно, Јошин освои 5 медали – 1 сребрен и 3 борнзени, од кои 4 се во поединечна конкуренција – 1 сребрен и 3 бронзени.
„Јас сум задоволен од денешните борби, затоа што сите од тимот дадоа максимум и влегоа храбро против посилните противници“, вели тренерот Андреј Атанасовски.
Да потсетиме дека вчера медалите во поединечна конкуренција ги освоија кадетите Димитар Крстевски – сребрен и Матеј Илиоски – бронзен, во женска конкуренција Ангела Атанасовска и Ивона Лазаровска го делеа третото место, односно се закитија со бронзи.
Турнирот се одржува по повод 25 годидни кендо во Русе. Ова е регионален турнир и е последен интернационален за нашите натпреварувачи.