Јошин ќе учествува на кендо турнирот „Србија опен“

Кендо клубот Јошин од Скопје ќе учествува на турнирот Србија опен на кој ќе настапат 200 натпреварувачи од Европа.

Јошин ќе настапи во јуниорска конкуренција, мажи и жени. Во сабота се индивидуалните натпревари, а во недела екипните.

Овој турнир е во програмата за подготовки за Светското првенство во Милано наредна година во мај.

Од овој турнир ќе почне селекција за најдобриот национален тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО