Јорданис Угас посилен од Мани Пакијао и го задржа појасот на ВБА Супер

Кубанскиот боксер Јорданис Угас (27-4, 12 КО) ја победи филипинската легенда Мани Пакијао (62-8-2, 39 КО) со едногласна одлука на судиите и го задржа својот ВБА Супер шампионски појас во тешка категорија на настанот во Т-Мобиле арената во Лас Вегас.

По 12 рунди судиите му ја дадоа победата на Кубанецот: 116-112, 116-112 и 115-113.

На Угас ова му е четврта победа по ред од поразот од Шон Портер во март 2019 година, кога последователно загуби со поделена одлука на судиите.

Н аПакијао ова му беше првиот меч од јули 2019 година, кога беше подобар против Кит Турман со поделена одлука на судиите.

Филипинецот прво имаше договорена борба против Ерол Спенс Јуниор за титулите во средна категорија на ИБФ и ВБЦ, но Американецот го откажа дуелот само 11 дена пред мечот поради повреда на окото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО