Јордан Неделков реагира на демантот на Стојановски: Ќе освоевме медал, но ни ги врзавте рацете. Жално…!

Во врска со демантот на претседателот на Карате федерацијата на Македонија (КФМ), Драган Стојановски (Демант – Драган Стојановски: Илоски изнесува целосно невистините факти и понижувачки мислења! – објавен на 13 септември 2017 г.), кој ги демантира наводите во текстот „Ламбе Иловски: Откажувањето на вицешампионите на Балканот е на душа на претседателот Драган Стојановски, не можев да ги запрам солзите“, обајавен на ден 18.08.2017 година во Ipon.mk, се јави со реакција уште еден каратист од овој ката тим, Јордан Неделков.

„Почитуван претседателе на Карате федерацијата на Македонија, Драган Стојановски, во прилог на оваа статија, си давам за право јавно да одговорам на Вашиот демант, бидејќи јас лично бев инволвиран во неправдата која беше нанесена во далечната 2009 година. Имено, се работеше за  еден успешен ката тим, на кој што неправдата и беше пласирана директно пред очи. Неправда која што успешно сруши детски сон кој можеше да нижи успеси и гордости, не само лични, туку и директно насочни спрема спортот во нашата Македонија“, вели Неделков во неговата реакција.

Укажувам дека текстот изобилува со невистинити факти и понижувачки мислења, кои очигледно исклучиво се дадени со намера за и имаат цел мое омаловажување и се дадени со намера да и наштетат на мојата чест и углед“, истакна во демантот Стојановски.

Јордан Неделков невдува дека бил дел од ката тимот и тврде дека од страна на КФМ не и било дозволено финансирање за настап на Светското првенство.

„Дури и кога КК Металург се понуди за самофинансирање- тоа барање беше отфрлено од претседателот на КФМ. Турската репрезентација освои златен медал, а ние изгубивме од нив на разлика 3-2. Изгубивме при давањето на знак за изведување на последниот удар на катата- емпи, во финалето кое се одржуваше во Баликесир- Турција. Понатаму, турскиот ката тим освои златен медал на Светското првенство, каде што на нас не ни беше овозможено да настапиме. Нашата подготвеност, пожртвуваност и подготвеност како ката тим, беше на највисоко ниво! Ќе освоевме медал, но ни ги врзавте рацете. Жално…“, констатира Неделков.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON