Една фотографија на страницата на „Борачи ветерани на Македонија“ изнесува занимлив податок, однсно за собирот на малдинската репрезентација на Југославија во борење слободен стил во Охрид за меѓународен турнир.
Имено на фотогрфаијата се наоѓаат тогашните репрезентативци (од лево кон десно стојат) Борис Прчев-Борец-Велес, Јордан Ѓоргиев-Апашо и Веско Илиев –Спартак – Кочани, (клечат) Фоти Ѓатовски – Шар-Тетово и Џината -Балканец-Штип.
Авторите наведуваат дека Јордан Ѓоргиев-Апашо и Веско Илиев се првите репрезентаивци на Спартак од Кочани. Ѓоргиев го освојува и првиот медал за кочанскиот клуб во 1961 година станувајќи шампион на Југославија до 20 години, а тогаш се викал Партизан, подоцна е преименуван во Спартак. Тој е и еден од најуспешните тренери на Спартак, но затоа во некоја друга прилика.
Ipon.mk/В.Д.