Јонузи и Арсов ќе настапат на „Трофејот на Подгорица“

Хурмет Јонузи од БК Шкупи  и Кристијан Арсов од БК Јордан Мијалков ќе настапат на 14.Меѓународен боксерски турнир „Трофеј на Подгорица“ од 28 до 30 април во главниот град на Црна Гора.

Јонузи и Арсов ќе ги води тренерот на репрезентацијата Насер Харуни.

На овој силен турнир ќе учествуваат боксери од 13 земји: Македонија, Грција, Косово, Албанија, Србија, Словенија, Италија, Унгарија, Франција, Турција, Бугарија, Норвешка и Црна Гора.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON