Јоел Ромеро во вториот меч во Белатор се бори против голем нокаутер

Поранешниот предизвикувач за титулата во средна категорија на УФЦ, Јоел Ромеро, го договори својот следен настап во Белатор на настанот што ќе се одржи на 6 мај во Париз против еден од најголемите нокаутери, Мелвин Манхоф.

За Кубанецот тоа ќе биде втор настап во втората по големина ММА организација од неговото деби во септември минатата година кога загуби од Фил Дејвис со поделена одлука на судиите.

Тоа беше негов четврти пораз во низа и петти во последните шест натпревари. Овој меч му е особено важен.

Менхоф е професионалец веќе 27 години, а во текот на кариерата постигна забележителни резултати со сооднос 32-15-1 во ММА и 38-14 во кик бокс.

Во кариерата освои 70 победи, а во 56 до триумфот стигна со нокаут. Тој се бореше на сите големи промоции освен УФц и Прајд, а во Белатор е од 2014 година.

Настанот во Париз го предводи судирот меѓу Рајан Бадер и Чеик Конго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО