Собирање на потписи за кампањата „Каратето на Олимписките игри 2020“
Јапонија карате федерација (ЈКФ) започна петиција карате спортот да се најде на програмата на Олимписките игри 2020 година.
„Јапонската каратe федерација прави максимални напори за вклучување на каратето во олимписките игри во Токио 2020 година“, со поддршка на Нипон Будо – Кан, Јапонската будо асоцијација, како и на Ол- партиската парламентарна група за унапредување на Токио на Олимписките игри 2020, што беше поддржан од 110 членови од двата дома на Парламентот.
Сега ние сме во средината на нашата кампања за собирање потписи, заедно со членовите JKФ и сите карате фанови.
Вклучувањето на карате на Олимписките игри дава надежи и соништа на сите во карате светот, а, исто така, и на следните генерации.
„Со цел, на големо да се рекламира кампањата, барам страсно гласна поддршка во светот за каратето на Олимписките игри. Како и во Јапонија, ние би сакале да побарате и Вие целосна поддршка и соработка за кампањата за собирање на потписи“ , рече претседателот на ЈКФ, Такаши Сасагава, по овој повод.
Јапонската карате федерација бара соработка од сите карате пријатели од целиот свет да им помогнат за да каратето се најде на програмата на Олимписките игри 2020 година.
До сега, онлајн петицијата беше потпишана од над 1.300 поддржувачи, а потребни се 30 илјади потписи. Исто така, ЈКФ и и вработените во ЈКФ- карате списанието ќе собираат потписи на претстојниот WKF првенство во Бремен, Германија.