Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија Јиржи Прохаска го повреди рамото само неколку недели пред неговиот реванш против Гловер Тешеира.
Чешкиот борец реши да го ослободи појасот, а промоцијата му вети дека штом се опорави ќе добие шанса да се бори за титулата.
Веќе поминаа пет месеци од повредата, а Јиржи неодамна откри кога би можел да им се врати на борбите.
„Рехабилитацијата на повреденото рамо добро напредува. Тренирам секој ден, а минатиот месец направивме многу добри работи, многу сум среќен поради тоа. Засега се оди доста добро и би можел да бидам подготвен на крајот на летото“, изјави Јиржи Прохаска и додаде:
„Би сакал да се вратам порано, но тоа не е можно, бидејќи повредата на рамото не се санира лесно, потребно е време. Сакам да се вратам на нивото на кое бев пред повредата. Ми требаат два месеци да се вратам на целосните тренинзи, а потоа почнувам со сериозна работа. На борбите би можел да им се вратам некаде во септември“.