Џорџ Форман истакнува дека таа борба мора да се договори сега: Останатите мечеви не се толку важни

Боксерскиот великан Џорџ Форман (74) во текот на кариерата се бореше против вистинските легенди Мухамед Али, Џо Фрејзер, Кен Нортон и Рон Лајл. Се пензионираше во 1977 година како 28-годишен и со скор 45-2.

Сепак, десет години подоцна Форман се врати во рингот и направи еден од најголемите камбекови во спортската историја.

Со години продолжи да боксира, а во 1994 година со победата против Мајкл Мурер стана најстариот шампион во тешка категорија. Големиот Џорџ тогаш имаше 45 години.

Форман деновиве изјави дека мора да се организира боксерски меч. Единствено што му е важно во моментов е борбата меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.

„Не е реткост боксер да не сака да се бори со некого, а не гледам ништо лошо во тоа. Природно е дека некој може да не исплаши. Кога се вратив на борбите знаев дека треба да бидам уште подобар боксер од мене, но и добар менаџер. Морав да ги барам најдобрите борби во вистинско време, сега многу менаџери го прават тоа за своите борци“, рече Џорџ Форман и продолжи:

„Сега сфативме што значи вистинска промоција, тогаш сите славиме. Се прават многу пари, што гарантира огромен профит. Во овој момент има само една борба која треба да се договори, а тоа е борбата меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа. Многу луѓе сакаат да го видат тој меч и мора да се организира, другите натпревари не се толку важни“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО