Поранешниот генерален секретар на ВКФ и ЕКФ, Џорџ Јеролимпос, на состанокот на извршните органи на ВКФ, на неодмана завршеното Светско првенство во Бремен, Германија, е прогласен за персона нон грата во ВКФ, ова го соопшти членот на Извршниот одбор на Македонсата карате федерација, Горан Милковски.
Како што вели тој, во ВКФ се разгледува целокупното негово работење и можно е да се преземат и други мерки против него, односно да има работа и за орагните за истражни дејства.
Ќе потсетиме дека поранешниот генерален секретар на ВКФ и ЕКФ, Џорџ Јерплимпос, пред извевсно време објави одлуа на својот фејсбук профил на Арбитражниот спортски суд во Женева, Швајцарија, заведена како CAS2014/A/3516, во која се наведува:
- Жалбата поднесена од страна на господинот Џорџ Јеролимпос против одлука донесена од страна Апелациониот суд Светската карате организација (ВКФ) на 6 февруари 2014 година е прифатена;
- Одлуката донесена од страна Апелациониот суд на ВКФ 6 февруари 2014 го отстрани од функцијата.
Јеролимпос очекува наредните недели Арбитражниот суд и официјално да ја публикува одлуката.
Минатата година Јеролимпос по три последователни мандати како генерален секретар на ВКФ, но и на ЕКФ, беше отстранет од оваа функција. Тогаш почна војната меѓу него и претседателот на ВКФ, Антонио Еспиноза. Тој се жалеше на процедурата на изборот, односно неговото отстранување од функцијата.
Како сето ова ќе се заврши останува да видиме. Малку е веројатно дека ќе биде вратен на истата функција, иако одлуката на Арбитажниот суд за спорт е извршна.
Ние и понатаму ќе следиме разврската на овој случај