Јасин Лама (-60 кг) добро избоксира против фаворитот Артур Субханкулов од Русија на Меѓународниот турнир „Странџа 2019“ во Софија – Бугарија. Иако противникот беше фаворит, Лама не подклекна во ниту еден момент. Загуби со судиска одлука, а со вчерашната побњеда се најде меѓу осумте најдобри во неговата категорија, што е огромен чекор напред во неговата кариера.
Внимателно влегоа во борбата, но Русинот постојано притискаше во првата рунда. Во втората рунда Русинот тргна поагресивно и напаѓаше, а нашиот боксер му контрираше со преден лев директ и со крошеа, но противникот се стекна со предност во оваа рунда. Трета помина во целосна доминација на рускиот боксер.
Борбата на Лама е на -26:00.
.