Јарослав Амосов е подготвен и да го докаже тоа: Најдобар борец сум во полусредна категорија во светот

Актуелниот шампион во Белатор во полусредна категорија Јарослав Амосов ја одбрани титулата минатиот викенд.

Украинскиот ММА борец со едногласна одлука на судиите на настанот Белатор 291 го победи Американецот Логан Сторли.

Тоа беше негов прв меч по пауза од неполни две години, бидејќи по руската агресија сакаше да учествува во одбраната на својата татковина.

„Пред една година мислев дека можеби никогаш нема да се вратам на борбите, бидејќи не бев сигурен дали ќе ги преживеам следните пет минути. Воопшто не размислував за ММА. Единственото нешто што ми падна на ум беше Украина, моите луѓе и пријателите кои беа со мене во армијата. Понекогаш тренирав со цел барем за момент да заборавам што се случува околу мене“, изјави украинскиот борец.

Тоа беше 27-ма победа на Амос во кариерата и осма во Белатор. По неговиот одличен настап многумина се прашуваа како ќе помине во УФЦ.

Јарослав верува дека би ја добил конкуренцијата во полусредна категорија на најголемата светска ММА организација.

„На сите им е јасно дека сум број еден во полусредна категорија. Јас сум најдобар на светот. Ако шампионите на други промоции сакаат да се борат против мене, нека дојдат во Белатор“, потенцира Јарослав Амосов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON