Јапонците доминираа на „Опен Париз 2017“ од Премиер лигата

Rju Kiuna

Јапонските каратисти доминираа на премиерното издание на Карате 1 Премиер лигата во Париз-Франција, која се одржува како „Париз опен“.

Инаку на првиот настап во 2017 година настапија 1243 каратисти од 78 земји, односно од 346 клуба, без натпреварувачи од Македонија. Карате федерацијата на Македонија „Опен Париз“ не го стави во критериумските турнири за состав на репрезентацијата за Европското првенство. Ова е едно од најсилните кола на Премиер лигата, з ашто зборува и самата бројка на учесници.

Победници во женска конкуренција станаа: Оно Хикару – кати – Јапонија, Михо Мијахара (-50 кг) – Јапонија, Тарават Хакасар (-55 кг) – Иран, Јована Перковиќ (-61 кг) – Србија, Ализ Ажиер (-68 кг) – Франција, Нацуми Квамура (+68 кг) – Јапонија и ката тим Италија.

Мажи: Рјо Кијуна (кати) – Јапонија, Садридин Сајматов (-60 кг) – Азербејџан, Андрес Мадера (-67 кг) – Венецуела, Станислав Хоруна (75 кг) – Украина, Рјутаро Арага (-84 кг) – Јапонија, Сајад Гањзадех (+84 кг) – Иран и ката тимот на Италија.

Резултати “Опен париз 2017“ ОВДЕ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON