Изградбата на Националниот стадион во Токио беше официјално завршена во саботата, осум месеци пред почетокот на Олимписките игри во јапонската престолнина.
На овој стадион ќе се одржи церемонијата на отворање и затворање на Игрите, атлетски натпревари и неколку фудбалски меча. Стадионот, на кој можат да се сместат 60.000 гледачи, чинеше 1 милијарда и 400 милиони долари, а беше изграден на местото на стариот олимписки стадион каде се одржуваше Олимпијадата во 1964 година.
Поради високите температури во Токио во текот на летото, посебно внимание беше посветено на изградбата на покривот на стадионот, а поставени се 185 големи вентилатори и осум распрскувачи на вода.
Националниот стадион официјално ќе биде отворен на 21 декември, а прва спортска манифестација ќе биде финалето на јапонскиот фудбалски куп, што ќе се игра на 1 јануари.