Гоце Јанески, Лулзим Исмаили и Јасин Лама се нашите кандидати за Европското првенство за млади сениори до 22 години (У-22) во Тргу Јиу, Романија, од 24 март до 2 април.
Тие засега се подготвуваат во клубовите, но деновиве треба да се определат каде ќе ги напрват завршните подготовки, дали во Македонија или некаде во регионот со други репрезентации.
По подолго време некој наш боксер ќе се појави на европско првенство.
Ipon.mk