Јан до Стерлинг: Ја доби титулата со плачки и го згуби достоинството

Пјотр Јан пак го зајаде ривалот Алџамејн Стерлинг. Тие се подготвуваат за долгоочекуваниот реванш на крајот на октомври во Абу Даби. Стерлинг ја освои титулата во петел категорија во март.

Тогаш Јан водеше убедливо, но упати недозволен удар со коленото во главата на противникот. Алдамејн сфати дека ќе стане шампион по дисквалификација и одби да продолжи.

Стерлинг рече дека не се чувствува како шампион и дека добил вртоглавица по ударот. Меѓутоа, веднаш по битката, тој се препушти на бурните прослави и крена раце, што ги разбесни фановите.

Никој не го гледа Стерлинг како шампион, но тоа не му пречи. На социјалните мрежи, Алџмејн изјави дека има достоинство и дека не би сакал реванш со Џејк Пол доколку тој беше на местото на Тајрон Вудли.

На социјалните мрежи Јан ја коментира темата и му го напиша следново на Стерлинг:

„Алџмејн Стерлинг, го загуби достоинството кога плачеше да ја освоиш титулата, идиот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО