Аманда Нунеш – Хулијана Пења на УФЦ 269

Двојната шампионка на УФЦ Аманда Нунеш се враќа во кафезот. Таа ќе ја заложи титулата во петел категорија на УФЦ 269 што ќе се одржи на 11 декември. Нејзина противничка ќе биде Хулијана Пења.

Тие требаше да се борат овој месец, но Нунеш се повлече откако беше позитивна на Ковид-19.

Нунеш има 21-4 рекорд во ММА и е во серија од 12 последователни победи. Таа нема пораз веќе 7 години, а во април ја одбрани титулата во перо категорија со победа над Меган Андерсон. Нунеш заврши 17 од своите мечеви, а 3 пати загуби со прекин.

Пења има скор 10-4 во ММА и доаѓа по победата над Мекмен. Хулијана победи на 6 од последните 8 борби во ММА. Таа е победник на ТУФ 13 во 2013 година. Пења заврши 7 од мечевите, а 3 пати изгуби на тој начин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО