Поранешниот шампион на УФЦ Џамахал Хил наскоро ќе биде подготвен, а тој е најсериозниот кандидат за мечот во кој треба да се бори за титулата.
Американскиот борец ја повреди Ахиловата тетива во јули. Паузираше за да ја санира повредата, и го ослободи појасот. Сега УФЦ треба да му даде шанса повторно да го нападне самиот врв на полутешка категорија.
Бразилецот Алекс Переира пред десет дена го победи Јиржи Прохаска со прекин во втората рунда на настанот во Њујорк и го освои појасот во полутешка категорија. А таа можност ја доби по триумфот, неколку месеци претходно, над Јан Блачович.
Во едно неодамнешно интервју, полскиот борец ја даде својата прогноза за евентуален меч меѓу Переира и Хил.
„Не знам како ќе се чувствува Хил, бидејќи понекогаш е тешко да се вратиш во топ форма. Цело време имате нешто во главата што ве потсетува на повредата и дека сте имале операција. Не знаеш како ќе ти реагира ногата, па не сум сигурен. Мислам дека во овој момент Переира е фаворит“, изјави Јан Блахович.
А Полјакот загуби од Переира со поделена одлука во јули. Јан се уште е убеден дека требало да победи.
Но, Блахович сега се соочува со друг противник. На 20 јануари полскиот борец треба да се бори против Александар Ракиќ.
„Ако Алекс Переира се бори против Џамахал Хил и победи, а јас верувам дека ќе бидам подобар од Ракиќ, тогаш УФЦ треба да ми даде реванш против Бразилецот. Верувам дека судиите погрешија со подувањето. Би морал да победам во реванш против Переира“, потенцираше Јан Блахович.