Јан Блахович верува дека останува во конкуренција за титулата во полутешка категорија.
Поранешниот шампион од Полска се бореше со Магомед Анкалаев на УФЦ 282 што се одржа изминатиов викенд во Лас Вегас. Јан можеше да му наштети на Анкалаев со лоу ударите, но беше издоминиран во последните две рунди, кои тежеа најмногу. Судиите досудија нерешено, што никому не му одговараше.
По мечот Јан изјави дека не ја добил оваа борба, но не знаел дали загубил. Тој побара титулата да му се додели на Анкалаев, но таа остана празна. За неа во јануари во Бразил ќе се борат Гловер Тешеира и Џамал Хил. Малку е веројатно дека Јан ќе добие шанса за појасот следната година.
„Ви благодарам што сте со мене. Имав тешка борба. Судиите досудија нерешено и сите беа незадоволни.
Сè што мислев за тоа кажав веднаш по борбата. Сè уште сум во шампионската игра и ќе направам се што можам за да го вратам шампионскиот појас на УФЦ. Сакам да го вратам во Полска.
Легендарната полска сила е во игра и јас ќе победам. Ви благодариме на сите за поддршката, продолжуваме“, напиша Јан на својата страница на една од социјалните мрежи.