Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Јан Блахович има победа, реми и два порази во последните четири борби.
Неговиот последен пораз беше минатиот месец кога загуби од Алекс Переира со поделена одлука на УФЦ 291 во Солт Лејк Сити.
Неговата единствена победа во последните две години беше над Александар Ракиќ, кој не можеше да го продолжи мечот поради повреда на коленото во третата рунда.
Тешко дека 40-годишниот Полјак наскоро ќе добие уште една шанса да се бори за титулата во полутешка категорија, а размислува кариерата да ја продолжи во кралската дивизија.
„Зошто да не се префрлам во тешка категорија“, рече Јан Блахович и додаде:
„Звучи добро. Одлична идеја. Би било одлично доколку ми дадат можност да се натпреварувам во тешка категорија во УФЦ. Морам внимателно да ги проучам тешкашите, сакам да ги гледам нивните борби. Но, досега не сум ги анализирал премногу“.
Имено, на големо се зборува дека по мечот меѓу Стипе Миочиќ и Џон Џонс, категоријата би можела да остане без шампион.
Сериозни се шпекулира дека и двајцата, без разлика на победа или пораз, по мечот би можеле да објават крај на кариерата.
Ако тоа се случи, тогаш на тешката категорија ќе и требаат двајца претенденти во меч за титулата.
Еден од нив би можел да биде Блахович, но пред тоа дефинитивно треба да одработи еден меч против тешкаш.
Полјакот откри кој би бил неговиот идеален противник во дебито во тешка категорија.
„Том Аспинал заврши одлична работа на последниот меч. Би бил многу добар противник за мене во првата борба во тешка категорија“, истакна Јан Блахович.