Полската МMA ѕвезда Полијана Вијана доживела непријатност откако била нападната од силеџија на улица. Сепак, тој не бил ни свесен дека цели кон девојка која има скор од 10 победи и само еден пораз во октагонот.
„Му кажав колку е часот, тој одби да замине … И тогаш тој почна да зборува за тоа како имал пиштол со себе, да му го дадам телефонот. Почна да ми кажува да не се спротивставувам затоа што е вооружен“, се присети таа.
Тогаш работите почнале да се случуваат брзо.
„Кога ја стави раката врз пиштолот, сфатив дека е премногу мек и помислив дека е лажен. Сфатив дека, дури и да беше реално, тој немаше време да го извади затоа што беше премногу блиску до мене“ – опиша таа.
Тој не бил но свесен кого го нападнал.
„Станав и веднаш го удрив два пати со раката, а потоа и со едната нога. Падна, а јас го прегазив и го фатив околу вратот од позади. Потоа го зедов и го спуштив, за да можеме да седиме таму каде што бевме претходно и му реков: „Па, да почекаме сега полиција“.
Тој се правдал со зборовите „само прашав колку е часот“, но, Полијана Виана тврди тотално поинаку:
„Па, да, секако … Тој само го велеше тоа затоа што виде колку сум лута. Всушност, после тоа бев сосема во ред. Мислам дека беше исплашен. Дури и кога споменав дека во тој момент ќе повикам полиција, тој рече: „Повикај“. И го рече тоа затоа што се плашеше дека ќе го тепам уште повеќе“.