Јужноафриканскиот ММА борец Дрикус Ду Плесис го победи Роберт Витакер со прекин во вторaтa runda на настанот УФЦ 290 во Лас Вегас и доби шанса да се бори за титулата во средна категорија.
Ду Плесис со директен удар го погоди поранешниот шампион и го собори, а со серија удари стигна до својата осма победа во низа.
Тоа беше негов шести триумф во УФЦ, што му даде можност да се бори за појасот на најдобар во средна категорија кој е во сопственост на Израел Адесања.
По мечот Изи влезе во октагонот и со расистички скандирања го навреди Дрикус Ду Плесис.
„Тоа е мојот црнец, мојот африкански брат“!, извика Израел Адесања околу октагонот и се втурна во лицето на Ду Плесис.
Јужноафриканецот успеа да му каже дека воопшто не се браќа, а Изи продолжи со своите навреди.
Во еден момент Ду Плесис се сврте од Адесања, ја поздрави толпата уште еднаш и излезе од октагонот.
А како изгледаше сето тоа: