Израел Адесања кон крајот на годината го брани појасот против Алекс Переира

Договорен е меч меѓу Израел Адесања и Алекс Переира. На 12 ноември, на настанот УФЦ 281 во Медисон сквер гарден, Изи ќе го брани шампионскиот појас во средна категорија против еден стар познаник од неговите кик-бокс денови.

Тоа ќе биде нивно трето соочување, но прво во слободна борба. Переира двапати го победи Адесања во кик-бокс.

Првиот меч беше во 2016 година, а една година подоцна Алекс го нокаутира Изи.

На почетокот на јули Израел Адесања го победи Џаред Канониер со едногласна одлука и по петти пат го одбрани шампионскиот појас на УФЦ.

На истиот настан Алекс Переира го нокаутира Шон Стрикленд во првата рунда. За Бразилецот тоа беше трет натпревар во УФЦ.

Откако лесно порази рангиран борец, на сите им беше јасно дека тој е следниот предизвикувач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA Junkie (@mmajunkie)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON