Израел Адесања го нокаутира Алекс Переира и си го врати шампионскиот појас на УФЦ, Барнс го совлада Масвидал

Израел Адесања (24-2) си го врати шампионскиот појас на УФЦ во средна категорија. На настанот УФЦ 287 во Мајами, Изи го победи Алекс Переира (7-2) со нокаут на крајот од втората рунда и му се реваншира на Бразилецот за шокантниот пораз минатата година.

И двајцата влегоа претпазливо во бробата, заканувајќи се со ножни удари, гледачите беа лишени од секаква акција.

По пресметката во првата рунда продолжението понуди многу повеќе акција.

Переира беше првиот кој започна со боксерски комбинации, но и Адесања возврати. Во последната минута од мечот Израел одлично го погоди и го нокаутира Алекс.

Переира почувствува можност за напад и нападна. Го наби Адесања до оградата и тргна во налет со удари, а потоа Изи возврати со моќна бомба.

Тој го удри Бразилецот со десното кроше во брадата и добро го затресе, па уште еден и тука беше крајот. Бразилецот заврши со нокаут.

Тоа беше нивниот втор ММА меч откако Переира минатиот ноември го совлада Адесања со прекин во петтата рунда.

Тие два пати се бореа во кик бокс. Алекс беше поуспешен двата пати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

Во конасловната борба Жилберт Барнс (22-5) со едногласна одлука на судиите во тактички одличен меч го совлада Хорхе Масвидал и веројатно стана следниот предизвикувач за шампионот во полусредна категорија.

За Бразилецот ова е втора победа во низа, а по триумфот го повика победникот од мечот за титулата меѓу Едвардс и Ковингтон.

„Јас сум можеби единствениот борец во УФЦ кој е подготвен да се бори со секого и во секое време. Подготвен сум да се борам со Едвардс или Ковингтон и нема да се согласам на ништо освен меч за шампионскиот појас“, изјави Жилберт Барнс.

Масвидал (35-17) по четвртиот пораз во низа најави дека ќе се бори уште еден меч, кој воедно ќе биде негово збогување.

Бразилецот доминираше во борбата на партер по неколку одлични соборувања, особено во првите две рунди.

Во средината на последната рунда Барнс неколку пати добро се затресе Масвидал, кој се обидуваше да возврати со контри.

Роб Фонт извојува голема победа против Адријан Јанез во борба која понуди многу акција за три минути.

И двајцата прифатија отворен боксерски меч, а искуството беше одлучувачки фактор.

Фонт прв почна да удира и со тоа го налути противникот кој прифати уште пожестока војна.

Јанез возврати со неколку добри удари, но секој пат кога Роб одговараше со своето најсилно оружје, преден директ.

А Фонт ја заврши борбата по отворената размена.Прво му помина одлично десно кроше, а со неколку удари на подот го принуди судијата да ја прекине борбата.

Кевин Холанд со нокаут во третата рунда го победи Сантијаго Понзинибио.

Сите очекуваа вистински удирачки меч меѓу два застрашувачки нокаутери, но добија борба која имаше многу тактички надмудрувања.

И двајцата беа доста резервирани, па публиката беше малку разочарана.

Победникот беше решен во последната рунда кога Холанд брилијантно го удри противникот со лево кроше кое го собори Аргентинецот.

Понзинибио доби нов удар, по што судијата Ден Мираљота го прекина мечот.

Главниот дел од настанот го отвори мечот меѓу Кристијан Родригез и Раул Росас Јуниор.

Во одличен натпревар по три рунди Родригез победи со едногласна одлука на судиите и со тоа го собори најмладиот борец во ростерот на најголемата ММА организација.

Ова е деветта победа за Кристијан во неговиот десетти професионален настап и втора во УФЦ, додека за Раул е прв пораз во осмиот меч во кариерата.

Двајца рангирани предизвикувачи во средна категорија Келвин Гастелум и Крис Кертис направија вистинска војна.

Во првото коло Гастелум доминираше, но вторите две беа рамноправни со нон-стоп акција.

На крајот Келвин го победи Крис со едногласна одлука.

Резултати од настанот УФЦ 287:

Израел Адесања – Алекс Переира – КО (удари), Р2 (4:21)
Жилберт Барнс – Хорхе Масвидал – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Роб Фонт – Адријан Јанез – КО (удари), Р1 (2:57)
Кевин Холанд – Сантијаго Понзинибио – КО (удар), Р3 (3:16)
Кристијан Родригез – Раул Росас Јуниор едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)

Воведни борби:
Келвин Гастелум – Крис Кертис – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Луана Пинеиро – Мишел Вотерсон – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Џо Пајфер – Џералд Мершарт – ТКО (тупаници), Р1 3:15
Лупита Годинез – Синтија Калвиљо – поделена одлука (28–29, 29–28, 30–27)
Игнасио Бахамондес – Треј Огден – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Стив Гарсија – Шајилан Нуерданбике – КО (удар во тело и удари), Р2 (0:36)
Сем Хјуз – Жаклин Аморим – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО