И Биспинг го повика Нгану да се врати во УФЦ: Тој не е во класата на Фјури, Вајлдер и Џошуа

Пред неколку дена Чаел Сонен во својот коментар истакна дека поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану треба да се врати на промоцијата што го прослави, бидејќи нема смисла да се чека доколку сака да ја продолжи боречката кариера.

Камерунскиот борец на почетокот на годината ја напушти најголемата светска ММА организација, бидејќи не беа исполнети некои услови, меѓу кои и можноста за бокс.

Нгану се надеваше на боксерски мечеви против Тајсон Фјури или Дионтеј Вајлдер, но се чини дека засега нема ништо.

И Мајкл Биспинг смета дека Френсис треба да се врати во УФЦ, бидејќи тоа е единственото вистинско место за него.

„Нгану не оди во ПФЛ, нема шанси. Не знам што можеа да му понудат, УФЦ му го даваше најголемиот договор и не се договорија. А БКФЦ се расфрла со пари наоколу, но  не се согласи и со нив, бараше премногу. Мислам дека најдобро би било да се врати во УФЦ“, изјави Мајкл Биспинг и додаде:

„Дана изјави дека повеќе не го сака. Но, мислам дека сега кога легна прашината, треба да размисли уште еднаш и можеби да најдат договор. Навистина верувам дека е најдобро Френсис да се врати. Ако боксира, тоа ќе се случи само еднаш. Фјури, Вајлдер и Џошуа се многу подобри боксери. Удираат силно и тоа го прават уште од мали нозе. Нгану технички не им одговара“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО