Израел Адесања до Ду Плесис: Ќе ти го влечам трупот низ цела Јужна Африка

По неговата голема победа над Алекс Переира на УФЦ 287, Израел Адесања издаде строго предупредување до неименуван борец во средна категорија.

Неименуван затоа што Адесања дури одби да го именува борецот за да не му даде публицитет. Но, беше прилично јасно за кого зборува. Адесања зборуваше за Дрикус ду Плесис, кој е рангиран на 6-то место во средна категорија.

Ду Плесис е јужноафрикански борец кој предизвикува контроверзи со постојани изјави дека сака да биде првиот вистински африкански шампион на УФЦ. Очигледно Адесања не бил задоволен од овие коментари и му се закани на Дрикус.

„Не сакам да му дадам популарност. Навистина сакам да му го сритам задникот. Сакам да го сторам тоа во Јужна Африка или Нигерија. Но, тој мора да заврши работа. Мора да направи нешто.

Покажи ми нешто за да можам да го предизвикам овој задник и да му ја ракажам приказната. Ќе го потсетам. Затоа што треба мудро да ги избирате зборовите кога зборувате за луѓето кои дошле пред вас.

Луѓе кои ви го отворија патот. Со задоволство ќе го влечам неговиот труп низ Јужна Африка“, изјави Адесања.

Ду Плесис е поранешен двократен ЕФЦ шампион и поранешен шампион на КСВ во полутешка категорија. Тој е во победничка серија од 7 борби и има скор од 19-2 во ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON