Израел Адесања: Видовме дека старее Џон Џонс

Минатиот викенд во Вегас Џон Џонс ја одбрани титулата во полутешка категорија против Тијаго Сантос, но дефинитивно „Коски“ се претстави во колебливо издание. За прв пат во кариерата Џонс победи со поделена одлука, а навивачите го исвикуваа по борбата. Израел Адесања, кој сака да се бори против шампионот во средната категорија, верува дека Џон Џонс старее и тоа влијае на неговата изведба.

„Различно е кога гледате во битка во живо. Да, тоа беше прв пат да го гледам Џонс во живо. Тој се бореше со борец од полусредна категорија, а во претходната средба со борец од средна. И Џон продолжува да ги користи едни те исти изговори з ада се оправда.

Бла, бла бла. Џонс веќе долго време се натпреварува и долги години се бори во УФЦ. Се гледадека старее. Јас сум свеж и сум една година во УФЦ. Јас сум ново куче во борбите. Јас сум млад, а тој е постар и ми завидува“, изјави Адесања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО