Измислија нов појас за Канело – Головкин

Нов појас ќе биде влог на трилогијата меѓу Канело Алварез (57-2-2) и Генади Головкин (42-1-1). Од светската централа на ВБЦ соопштија дека направиле специјален појас кој ќе му го подарат на победникот. Двете суперѕвезди ќе се сретнат по трет пат на 17 ноември во Лас Вегас.

Алварез ќе ги брани титулите во суперсредна категорија на ИБФ, ВБА, ВБО и ВБЦ против Казахстанецот, кој пак ги носи појасите во средна категорија на ИБФ, ВБА и ИБО. Сепак, победникот ќе ја има честа да стане прв сопственик на „Запотека појас“. Ова е името на наградата, која се нарекува и „Јагуар воин појас“.

Мечот меѓу нив се очекува со голем интерес. Канело се враќа во рингот по поразот во полутешка категорија од Дмитри Бивол. Тој направи обид да ја освои титулата на ВБА во полутешка категорија, но беше спречен со одлука на судиите 0-3. Головкин, пак, треба да му се оддолжи на Мексиканецот за единствениот пораз досега во кариерата. Тоа беше во 2018 година загуби со 0-2 гласови, со доста контроверзна арбитража.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON