Нејт Дијаз откри дека за мечот против Чимаев не се подготвувал специјално: Нека ме победи

Нејт Дијаз овој викенд ја има последната борба во УФЦ. Големата ММА ѕвезда ќе настапи во главниот меч на настанот УФЦ 279 против шведско-чеченскиот борец Хамзат Чимаев.

Американецот во една од своите изјави истакна дека воопшто не сака да се бори со Чимаев, туку промоцијата го избра неговиот противник.

„Не сакаат да ме пуштат, бидејќи јас сум најдобриот борец овде, а тоа ќе се случи само кога тој статус ќе го пренесат на некој друг. Морам да создадам нова ѕвезда за нив. Добро, ајде да го направиме тоа“, изјави Нејт Дијаз.

Американскиот борец откри и дека тој меч воопшто не го интересира.

„Се откажав од подготовките. Не ми е гајле, нека ме победи“, истакна Нејт Дијаз, кој задоцни повеќе од два часа на последната прес-конференција и само осум минути одговараше на новинарски прашања:

„Мислам дека УФЦ не ми дозволи да постигнам повисоко ниво, ми ја уништи волјата да направам повеќе од ова. Во УФЦ сте ограничени. Можете да одите само до одредено ниво. После ова ќе направам нешто поголемо. Ќе биде поголем од се што сум направил“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО