Барнс за Масвидал: Ќе те разнесам

Жилберт Барнс го намери Хорхе Масвидал.

Бразилската ѕвезда едвај чека да се врати во кафезот. Дурињо доаѓа по поразот во април од Хамзат Чимаев. Жилберт се претстави многу добро на овој меч кој беше 3 рунди. Барнс се уште верува дека ќе победеше доколку тоа беше средба во пет рунди.

Сега Барнс сака да води битки со од 5 рунди и сака една со Масвидал. Двајцата се поранешни предизвикувачи за титулата во велтер категорија. Брнс е повеќе од подготвен за битка и се закани дека ќе го разбие Масвидал.

„Сакам да се вратам во кафезот. Ги разгледавме опциите. Хорхе Масвидал е борбена опција. Тој веќе покажа интерес. Почит кон него. Мојата последна битка беше многу рамноправна. Имам потреба од победа во која ќе го завршам противникот. Никогаш не сум сакал да стигнам до судиска одлука. Масвидал е големо име.

Сакам да се борам со него. Мислам дека ќе им приредиме шоу на навивачите. Сите сме заинтересирани за оваа битка. Ќе го завршам во таква борба. Не ми е гајле што е потребно за да го завршам. Има над 50 битки. Хорхе ќе се бори исто како Чимаев. Ова е борба која има смисла.

Да, тој ги загуби последните средби, но од Камару Усман и Колби Ковингтон. Верувам дека можам да го завршам во стој. Масвидал, те почитувам, но имам лоши намери кон тебе.

Ќе те разнесам. Подготвен сум да се борам со тебе кога ќе бидеш подготвен. Ајде да го направиме тоа во Флорида. Тоа ќе биде претстава. Нема да правам обиди за соборување“, изјави Барнс за ТМЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО