АктуелноДруги вештиниТајландски бокс
Изгоре МАКС мај тај стадионот, каде што настапува Алекс Глигор Стојанов (ВИДЕО)
МАКС мај тај стадионот во тајландската Патаја го зафати пожар кој тешко ја оштети градбата.
Овде тренира и често пати настрспува струмичанецот Алекс Глигор Стојанов-Милев.
Штета се проценува на 200 милиони бати, однонсо повеќе од 5 и пол милиони долари.
По еден час пожарникарите успеаја да го локализираат пожарот. Целата структура на стадионот е оштетена, а четири лица, менаџерот и вработените се полесно повредени, објави Бангкок пост.
Весникот дознава дека во првичната полициска истрага се сомнева дека пожарот го предизвикале работници кои долше да работат на клима уредот.
https://youtu.be/zoYJ4F1lrZQ





