Екипата на БК Лирија е најуспешна на Изборното првенство за борачи до 23 години.
Лирија собра вкупно 32 бода пред Тефејуз кој има 30, а Балканец 14. Потоа следуваат 7 Мај Леов – 7 бода, Студеничани – 8, Вардар – 5, Неготино – 4, Бучим – 3 и Спартак -2.
Елмедин Сејфулаху е прогласен за најдобар борач, а Рамадан Мустафовски за најдобар техничар.
Мора да се истакнат убедливите и атрактивни победи на Владимир Егоров од Вардар, а да се пофали и 17 годишниот Столе Ефтимов од Спартак. Од друга страна, покрај убедливата Лирија и Тефејуз се претстави во извонредно издание, има 4 прваци, а Лирија 3, додека Вардар е со еден.
На првенството учетсвуваа 39 борачи кои се бореа за место во репрезентацијата за Европското првенство.
Резултати Изборно првенство У-23
57 кг
1.Владимир Егоров – Вардар
2.Минир Реџепи – Лирија
3.Теодор Темелковски – 7 Мај Леов
3.Армин Идризи – Тефејуз
61 кг
1.Елмедин Сејфулаху – Лирија
2.Леонардо Пасески – 7 Мај Леов
3.Бесар Љумани – Лирија
3.Фати Вејсели – Студеничани
65 кг
1.Раиф Камбери – Лирија
2.Ријад Реџепи – Лирија
3.Иле Буровски – Неготино
3.Шаип Брава – Лирија
70 кг
1.Бехар Махмути – Тефејуз
2.Јетмир Имеровски – Тефејуз
3.Омер Сејфулаји – Студеничани
3.Серхан Шакиров – Балканец
74 кг
1.Нуиши Буњамин – Тефејуз
2.Беслим Муртезани – Студенчини
3.Фиданчо Јованов – Бучим
86 кг
1.Рамадан Мустафовски – Тефејуз
2.Михаил Николов – Балканец
3.Столе Ефтимов – Спартак
3.Амир Тачи – Лирија
97 кг
1.Шукри Асани – Тефејуз
2.Џан Назифов – Балканец
3.Васе Спасов – Балканец
125 кг
1.Адем Адеми – Лирија
2.Џели Фетахи – Тефејуз
3.Усеин Мечов – 7 Мај Леов
Ipon.mk/В.Д.