Избегната вистинска трагедија на мерењето пред УФЦ 324! Американец се струполи на сцената (ВИДЕО)

УФЦ 324 остана без уште една борба, по сцената што им ја заледи крвта на многумина.
На официјалното мерење во петокот, борецот во бантам категорија Камерон Смотерман доживеа сериозен колапс. Веднаш по успешното мерење за мечот против Рики Турсиос, 28-годишникот се струполи со лицето надолу на сцената. Сè се случи во дел од секундата, пред камерите и публиката, а ситуацијата веднаш изгледаше крајно загрижувачки.
https://twitter.com/ChampRDS/status/2014745926376497617
https://twitter.com/MMAFighting/status/2014749384005632274
Медицинскиот персонал веднаш реагираше и се упати кон сцената. Смотерман остана да лежи некое време, и иако според достапните информации беше свесен, не можеше сам да си замине и на крајот мораше да биде изнесен.
Кратко потоа, беше потврдено дека борбата Смотерман-Турсиос е официјално откажана и повеќе не е дел од програмата на УФЦ 324, која се одржува во сабота навечер кон недела по македонско време во Т-Мобиле арената во Лас Вегас.
Освен тој инцидент, мерењето донесе дополнителна доза на драма, двајца искусни борци не го исполнија ограничувањето на тежината.
Поранешниот двократен шампион во мува категорија, Дејвесон Фигеиредо, се мереше со 62,8 кг за мечот во бантам категорија против Умар Нурмагомедов, додека Алекс Перез на 58,3 кг за борбаата во мува категорија против Чарлс Џонсон. И двајцата беа околу 1,1 кг над пропишаната граница, но нивните натпревари сè уште остануваат на програмата, со стандардна казна, односно губење на 20% од надоместокот во корист на другата страна.
За среќа на навивачите, главната борба на вечерта, „привремената“ титула во лесна категорија меѓу Џастин Гејџи и Педи Пимблет, помина без проблеми. Пимблет беше првиот што стапна на вагата и беше дури и под границата за титулата, со 69,9 кг, додека Гејџи беше последен што стапна на вагата и ја „погоди“ границата на 70,3 кг.
Учесниците на „коглавниот настан“ во категоријата бантам исто така го направија мерењето без никакви проблеми: Шон О’Мели на 61,5 кг и Сонг Јадонг на 61,7 кг, што барем избегна дополнителни компликации на самиот врв од „картата“.
Така, УФЦ 324 влегува во финалето на неделата со уште еден откажан натпревар и јасен потсетник колку опасно може да биде екстремното губење на тежината, особено кога телото „пука“ токму кога сите мислат дека најлошото завршило. ММА спортот ќе мора да најде попрагматично решение во годините што доаѓаат, а прашањето е која од водечките светски ММА организации ќе биде првата што ќе „пресече“.
Главен дел
Џастин Гејџи (70,31 кг) – Педи Пимблет (69,85 кг)
Шон О’Мели (61,46 кг) – Сонг Јадонг (61,69 кг)
Валдо Кортез-Акоста (118,84 кг) – Дерик Луис (119,52 кг)
Наталија Силва (57,15 кг) – Роуз Намахунас (56,93 кг)
Арнолд Ален (66,00 кг) – Џин Силва (66,22 кг)
Прелиминарни борби
Умар Нурмагомедов (61,69 кг) кг) – Дејвесон Фигеиредо (62,82 кг)*
Атеба Готје (84,37 кг) – Андреј Пулјаев (84,37 кг)
Никита Крилов (93,21 кг) – Модестас Букаускас (92,53 кг)
Рани прелиминарни натпревари
Алекс Перез (58,29 кг)** – Чарлс Џонсон (57,15 кг)
Мајкл Џонсон (70,76 кг) – Александар Хернандез (70,53 кг)
Џош Хокит (106,37 кг) – Дензел Фримен (116,80 кг) кг)
Рики Турсиос (136 lbs / 61,69 kg) – Камерон Смотерман (135,5 lbs / 61,46 kg) (Откажан)
Адам Фугит (171 lbs / 77,56 kg) – Тај Милер (170 lbs / 77,11 kg)
* – пад на мерењето



