Мики Ивановски минатата година на Европското првенство во кик бокс во Билбао, Шпанија, во категоријата до 81 килограм во К-1 го освои бронзениот медал. На Меморијалниот турнир „Љупчо Неделковски“ во Виница ќе се сретне со Огуз Шеќер од Турција.
-Противникот Огуз Шеќер е повеќекратен шампион на Турција во мај тај и во К-1 дисциплина. Искусен борец. На јутјуб ги следев неговите борби, а победува со нокаут. Форсира лево кроше и колена, но тоа не ми преставува проблем. Мислам дека ќе ја добијам борбата. Очекувам да го победам со нокаут, уверува Ивановски.
Тој истакнува приоритет му било спектакуларниот турнир да биде во неговиот роден град Делчево. Не знае од кои причини е закажан во Виница.
– Очекувам подршка од публиката, оти нема да бидат разочарани. Ветувам дека стартот на Новата 2015 година ќе биде со победа. Во оваа година ме чекаат други борби на меѓународно ниво, а на крајот од годината и Светското првенство, истакнува носителот на бронзениот медал од ЕП.
Меѓународнит меморијален турнир „Љупчо Неделковски“ ќе се одржи на 31 јануари во Виница. Во К1 до 81 килограм носителот на бронзениот медал од Европското првенство, Мики Ивановски, ќе се сретне со Огуз Шеќер. Во истата категорија, но во лоу кик, Димитар Ѓоргиев ќе се бори со Мухамед Јилдиз од Турција. Македонско-турскиот дуел ќе продолжи и во мечевите Александар Димовски-Фатих Јилдиз до 91 кг во лоу кик, Виктор Георгиевски-Тургут Косакоја (К1, -86 кг) и Стојче Цветковски-Ајкут Тонкал (лоу кик, -86 кг). Хадис Рамадани ќе се бори против Фазлија Реџепи од Србија (лоу кик, -63,5 кг), како и Бобан Илиоски и Димитар Ѓорѓевиќ (лоу кик, -71 кг).
ipon.mk/В.Д.