Ивандер Холифилд за тоа кој ќе ја преземе штафетата од Кличко

ivander holifild

Поранешниот апсолутен светски шампион, Ивендер Холифилд, ги сподели очекувањата за тоа кој ќе се качи на тронот по повлекувањето на Владимир Кличко. Според него, оние кои ќе доминираат во супертешка категорија, се Џозеф Паркер, Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер.

naslednici na Klicko

„Паркер многу потсетува на мене. Тој не е арогантен, напротив – многу скромен човек е. Се однесува многу добро, техничар е и умее да удира. Освен силен удар тој има и брзи раце, а е и многу функционален во рингот – задава многу удари, од секаква позиција. А тоа е многу важен детал. Сега луѓето во супертешка категорија го бараат она што го има Паркер – зрелоста. Тој не само што е човек кој знае како да боксира, но и не прибегнува кон клинчови. Новите момци трчаат кон врвот и токму тие ќе ги земат уздите од Владимир Кличко. Тоа се Џозеф Паркер, Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер. Ќе се променат многу, кога Кличко ќе си замине. Никој од другите современи водачи во категоријата не може да се справи со нив. А Кличко, порано или подоцна, ќе се откаже“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON